Без победник заврши последниот меч од 16.коло во Премиер лигата. Борнмут и Вест Хем одиграа 1.1.
Добар, динамичен меч одиграа екипите предводени од шпанските тренери Андони Ираола и Хулен Лопетеги. Головите беа постигнати во самиот финиш.
Најпрвин Лукас Пакета погоди од пенал за Вест Хем, а три минути подоцна Енес Унал изедначи. Турсиот репрезентативец постигна преубав гол од слободен удар.
🚨🏴 GOAL | Bournemouth 1-1 West Ham | Enes Unal
WHAT A BEAUTIFUL FREE KICK FROM ENES UNAL !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!pic.twitter.com/QOdiw8vJTN
— Tekkers Foot (@tekkersfoot) December 16, 2024
По четвртото реми од почетокот на сезоната, вест Хем остана на 14. место со 19 бодови, додека Борнмут скокна на шестото место со 25 бодови.