Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски продолжува со одлични игри на почетокот на новата сезона. Тој неодамна погоди против Селтик во првенството на Шкотска, а вечерва со гол и асистенција имаше фантастичен ефект за Абердин во ремито (2:2) против Хакен во првиот меч од плеј-офот за групна фаза во Лига Европа.
Хакен имаше предност од 2:0, а во финишот на сцена стапи Бојан Миовски. Во 75.минута постигна гол и намали на 2:1, а четири минути подоцна му асистираше на соиграчот Ники Девлин за израмнување.
Aberdeen reducerar till 2–1 mot Häcken i playoffet till Europa League
Se matchen exklusivt på https://t.co/1SsSmTpcDT pic.twitter.com/7bMYAEJ7Uz
— Sportbladet (@sportbladet) August 24, 2023