(Видео) Гњерманија во 92.минута до првото место во групата, Унгарија во 100.минита ја победи Шкотска

12322082.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Драматични завршници го обележаа третото коло во А групата на Европското првенство во Германија. Домаќинот на турнирот од пораз се спаси со гол во 92.минута, додека Унгарија со гол во 100.минута ги задржа шансите за пласман во осминафиналето.


Германците против Швајцарија покажаа многу слабости, но успеа да се спаси од пораз и од првата позиција да влезе во осминафиналето.

Ндоје ја шокира Германија во 28.минута, кога со гол ја круниса одличната тимска акција на швајцарските фудбалери.

Германците имаа многу среќа во завршницата, ВАР поради мал офсајд го поништи голот на Варгас, а Ноер брилијантно реагираше кога се обиде Џака.

Во 92.минута Филкруг успеа да го совлада Зомер и да го постави конечниот резултат 1:1.

Унгарија ја надигра Шкотска, но до посакуваната победа дојде во 100.минута, откако Гулачи го одбрани ударот на Хендли. Следуваше контра на Унгарците од која Чобот го постигна голот за победа.

Дуелот го обележа и повредата на Варга во 69.минута. Напаѓачот на Унгарија долго лежеше на теренот, му се укажуваше лекарска помош, а потоа на носилки беше однесен од теренот и префрлен во болница на понатамошни испитувања.

Германија ја освои А групата со седум бода, два повеќе од Швајцарија, овие две селекции сигурно ќе играат во осминафиналето. Унгарија со три бода ќе го чека расплетот во останатите групи, додека Шкотска со еден бод го заврши тутнирот.



Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK