Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на АТП турнирот во Женева со победата над германскиот тенисер Јаник Ханфман во два сета. Ѓоковиќ прв пат во кариерата игра на овој турнир од серијата 250, а покрај победата тој го прослави и 37. роденден.
Ѓоковиќ победи со 6:3, 6:3 по час и 12 минути игра и пауза поради дожд. Српскиот тенисер ја забележа 1.100 победа во кариерата.
По 26 минути игра против Јаник Ханфман, Новак сервираше за освојување на првиот сет, а при резултат 40/40 во деветтиот гем играта беше прекината поради дождот.
Откако мечот продолжи, Ѓоковиќ успеа некако да го освои гемот и да поведе со 1:0.
Вториот сет започна лошо за светскиот број 1, Хофман експресно дојде до 3:0. Од тој момент на теренот се „појави“ Ѓоковиќ во своето најдобро издание, освои шест гема и го заврши мечот.
На крајот доби песна и торта од организаторот.
Следен противник на Ѓоковиќ ќе му биде победникот од мечот меѓи Грикспор и Шаповалов.
Novak Djokovic a reçu un gâteau d’anniversaire sur le court pour ses 37 ans à Genève. 🎂🥳
Le Serbe a offert un morceau aux ramasseurs de balles. 👏pic.twitter.com/vavVp6jyis
— Univers Tennis 🎾 (@UniversTennis) May 22, 2024
A birthday win for Nole! 🎂@DjokerNole knocks out Hanfmann 6-3 6-3.@genevaopen | #ATPGVA pic.twitter.com/BfNIvnPIHf
— ATP Tour (@atptour) May 22, 2024