(Видео) Гираси и пресуди на Борусија, Кејн ја продолжи голгетерската серија

Видео-Гираси-и-пресуди-на-Борусија-Кејн-ја-продолжи-голгетерската.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борусија Дортмунд по 11.кола в Бундеслигата го губи чекорот со водечките тимови. „Милионерите“, попладнево доживеаја пораз во Штутгарт (2:1).


Натпреварот започна добро за Борусоја, Кобел му одбрани пенал на Фухрих, а во 36.минута со голот на Филкруг дојдоа во водство.

Шест минути подоцна израмни Дениз Ундав, а целосен пресврт направи најдобриот играч на Штутгарт Гираси со гол од пенал во 83. минута од натпреварот.

Баерн во интересен натпревар го победи Ханденхајм со 4:2. Првите два гола ги постигна Хари Кејн. Англичанецот го постигна својот 16. гол во Бундес лигата.

Дебитантот во лигата Хајденхајм успеа да ги шокира домаќините и да го израмни резултатот интервал од четири минути. Во 66. и 70.минута Ноер го совладаа Клајндинст и Бесте.

Две минути подоцна Рафаел Гереиро спречи изненадување и му донесе победа на Баерн, а Чупо-Мотинг го постави конечниот резултат во 85. минута.

Аугсбург ремизираше 1:1 на домашен терен со Хофенхајм, додека Дармштад и Мајнц одиграа 0:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK