Трката за шампионската титула во турската Суперлига практично е решена во најголемото дерби. Галатасарај го победи убедливо Фенербахче со 3:0.
На три кола до крајот, Галатасарај има седум бода повеќе од својот најголем ривал. Фенер, овој пораз може да го чини место во квалификациите за Лигата на шампионите. На второот место има два и натпревар повеќе од Трабзон.
Не изгледаше дека Фенер ќе се збогува со титулата, токум во дербито, кога беше досуден пенал за гостите во десеттата минута, но Андерсон Талиска шутираше покрај голот.
Во 40-та минута, домашните ја казнија оваа грешка, Виктор Осимен ја испраќа топката во мрежата на Едерсон со колено.
Токму бразилскиот голман стана трагичар на натпреварот, кога во второто полувреме по нов пенал, овој пат досуден за Галата, го доби вториот жолт картон за неспортско однесување. Од иста причина тој веќе доби жолт картон во првото полувреме. Едерсон пота влезе во жолчна расправија со главниот судија, што значи дека ќе биде жестоко казнет.
Şu psikolojisi sıkıntılı anormal herife yıllık 11 milyon € maaş veriyoruz.
Biraz şerefin varsa sene sonu istenmediğim yerde durmam diyip gidersin Ederson.. pic.twitter.com/D0uzjF0LUK https://t.co/dtrjYjRUV4
— barkın (@barknedit) April 26, 2026
На голот беше заменет од Мерт Гунок кој не успеа да го одбрани ударот на Јилмаз од 11 метри, а потоа направи голема грешка и му дозволи на Тореира да го постигне третиот гол за домашниот тим и да го реши прашањето за победникот.