На Боксинг деј се одиграа уште пет натпревари од 18. коло во Премиер лигата. Големо изненадување приреди Фулам кој на „Стемфорд Бриџ“ го совлада Челзи со 2:1, а победија и Њукасл, Вест Хем и Нотингем Форест.
Фулам го шокира Челси со гол во 95.минута. Триумфот 2:1 е прв за Фулам на теренот на Челзи по 1979 година.
Кол Палмер го постигна воведниот гол во 16. минута на асистенција на Ли Колвил. Сепак, тој гол не им ја даде потребната самодоверба на „сините“.
Фулам изедначи во 82. минута. Кастањ асистираше, а Хари Вилсон, го совлада роберт Санчез. И тука не беше крајот. Во петтата минута од судиското надополнување, Саша Лукиќ му асистираше на Родриго Муниз за голем пресврт и победа 2:1.
Њукасла ја продолжи својата серија, третата последователна победа во Премиер лигата ја забележаа против Астон Вила. Њукасл од 32.минута играше со играч повеќе. Црвен каротн доби Дуран.
Стрелец за Њукасл повторно беше Александар Исак. Швеѓанецот постигна гол за 2:0 во 59. минута, што е негов седми гол во последните четири натпревари. Можеше да постигне уште еден гол, но неколку минути подоцна ВАр го помишти неговиот гол. Првиот гол го постигна Арон Гордон во втората минута. Конечните 3:0 ги постави Жоенлитон во втората минута од судиското надополнување. Со оваа победа, Њукасл ја прескокна Астон Вила на табелата.
Тотенхем ја продолжи својата серија на очајни резултати на Боксинг деј. Минимален пораз претрпеа на Сити Граунт од Нотингем. Ова е четврти пораз во последните шест натпревари. Единствениот гол за „шумарите“ го постигна Еланга во 28. минута.
Минимална победа во Саутемптон забележа Вест Хем. На клупата на Саутемптон дебитираше хрватскиот тренер Иван Јуриќ. Победникот го реши Бовен во 59.минута.
На натпреварот помеѓу Бурнмаут и Кристал Палас немаше голови.