Фудбалерите на Брајтон го прегазија Њукасл во дербито на колото во Премиер лигата. Брајтон победи со 3:1, со хет-трикот на 18. годишниот Еван Фергусон. 18. годишниот Ирец е третиот играч кој во саботата постигна три гола, претходно тоа го направија напаѓачите на Манчестер сити и Тотенхем, Халанд и Сон. Во четвртото коло, Брајтон ја забележа третата победа, а Њукасл третиот пораз.
Роберто Де Зерби во целост го надмудри колегата Еди Хау, а Брајтон на теренот во целост го надигра Њукасл.
Блескаше Еван Фергусон со головите во 27., 65. и 70.минута. Почесниот гол за Њукасл го постигна Калум Вилсон во 92.минута.
Еван Фергусон е четвртиот најмлад играч кој постигнал хет-трик во Премиер лигата по Роби Фаулер, Мајк Овен и Крис Барт-Вилијамс.
Во првото следно коло, по паузата Брајтон ќе го пречека Манчестер јунајтед, додека Њукасл ќе му биде домаќин на Брентфорд.