(Видео) „Фармацевтите“ газат се пред себе – Баер е лидер во Бундеслигата

Видео-„Фармацевтите-газат-се-пред-себе-–-Баер-е-лидер.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Баер Леверкузен го совлада Унион Берлин во натпреварот од 11. коло во Бундес лигата со резултат 4:0.


„Фармацевтите“ победија со головите на Грималдо, Косуну, Тах и Нејтан Тела, засилувањето од Саутемптон, кој прва пат погоди оваа сезона.

Фармацевтите стигнаа до деветти последователен триумф во германскиот шампионат, а вкупно 12-ти во сите натпреварувања. Тимот на Чаби Алонсо нема пораз од почетокот на сезоната, вкупно 16 натпревари. Дефинитивно ова е најуспешната сезона за Баер од промоцијата во Бундеслигата во 1976 година.

Баер на тој начин се врати на врвот на табелата – сега има 31 бод од можни 33 и ги победи сите ривали оваа сезона во Бундес лигата освен бранителот на титулата Баерн.

Унион забележа 13 порази во претходните 14 натпревари – ремизираа само со Наполи и се последни на табелата со шест бода.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK