(Видео) Евертон имаше 2-0 во 87.минута, на крајот Борнмут забележа победа

Untitled-4.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нестварен меч, попладнево на „Гудисон парк“ во Ливерпул одиграа Евертон и Борнмут. „Карамелите водеа 2:0 до 87.минута, на крајот победата ја однесоа гостите од Борнмут.


Ако по утрото денот се познава, фудбалерите на Еветтон ги очекува тешка сезона и борба за опстанок во Премиер лигата. Откако во првите две рунди убедливо загубија од Брајтон и Тотенхем, во третото коло го пречекаа Борнмут и одиграа одличен меч до 87.минута.

Неверојатно како „карамелите“ го прокоцкаа триумфот, бидејќи водеа со 2:0 со головите на Кин во 50. минута и Калверт-Луин во 57. минута. До финишот играчите на Евертон имаа уште неколку добри шанси да ја зголемат предноста.

Откако не ги реализираа шансите се случи чудо. Гостите кои никаде ги немаше во текот на целиот натпревар изведоа нестварен пресврт.

Во 87. минута Семењо го постигна првиот гол за „црешите“, Кук израмни на 2:2 во 92. минута. Мунута подоцна Џордан Пикфорд чимаше две нестварни интервенции, но во 96. минута не можеше да стори ништо и Синистера погоди за триумф на Борнмут.

Премиер лига, 3.коло:

Арсенал-Брајтон 1:1
Евертон-Борнмут 2:3
Лестер-Астон Вила 1:2
Норич-Фулам 1:1
Нотингем Форест-Вулверхмептон 1:1
Брентфорд-Саутемптон 3:1

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK