(Видео) Евертон ги згасна шампионските сништа на Ливерпул

Untitled-2-12.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шампионските сништа на Ливерпул во „Мерсисајд“ дербито ги згасна Евертон. „Карамелите“, вечерва славеа со 2:0 и прв пат по 14 години славеа како домаќини над градскиот ривал.


Корнерите му пресудија на Ливерпул на „Гудисон парк“. Најпрвин реализираше Брејтвајт во 27., а точка на мечот стави Калверт-Лувин во 58.минута.

Ливерпул остана втор на табелата со три бода помалку од Арсенал, трет е Манчестер сити со четири бода и два натпревари помалку.

Евертон, со сите проблеми што ги има сезонава (одземањето на бодови), се чини дека со овој триумф го обезбеди опстанокот во лигата.

На „Олд Трафорд“, нова мачна партија на Манчестер јунајтед. Тимот на Тен Хаг губеше до 61.минута од најслабиот тим во Премиер лигата. На крајот „црвените ѓавли“ славеа со 4:2.

Шефилд поведе во 35. минута преку Богл, а Мегваер израмни во 42. Гостите го вратија водството во 50. минута, кога Чилеанецот Бреретон-Дијаз го совлада Онана. Бруно Фернандеш од пенал во 61. минута изедначи на 2:2.

Во финишот дојде до израз напаѓачкиот квалитет на Јунајтед, па домашните славеа со головите на Бруно Фернандеш во 81. минута и Хојлунд во 85. минута.

Кристал Палас е во одлична форма под водство на новиот менаџер Оливер Глезнер, а по Ливерпул и Вест Хем неговата сила ја почувствува и Њукасл. Двоен стрелец беше Матета во 55. и 88. минута.

Во Вулверхемптон, Бурнемаут со голот на Семења во 37. минута победи со 1:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK