Македонскиот репрезентатоивец Елиф Елмас ја запечати победата на Наполи (0:2) на гостувањето во Салерно, против Салернитана. Голото против Салернитана е прв за Елмас во Серија А од почетокот на сезоната.
Елмас, во 82.минута, постигна брилијантен гол, од работ на шеснаесетникот го погоди спротивниот агол од голот на Очоа.
GoaL! | Salernitana 0-2 Napoli | ⚽️ Eljif Elmas beats the keeper and increases his team’s tally pic.twitter.com/iyDLWhq5iM
— FootColic ⚽️ (@FootColic) November 4, 2023
Наполи претходно дојде до водство преку Распадори во 13.минута.
Наполи со шестата победа во сезоната дојде до 21. бод и се наоѓа на четвртото место. До крајот на ова рунда може да биде престигнат од Аталанта. Тимот од Бергамо е на петтата позиција со 19 бодови.