(Видео) Два авто-гола, супер гол на Садик и два црвени картони – Сосиедад ја победи Севилја

Видео-Два-авто-гола-супер-гол-на-Садик-и-два-црвени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Реал Сосиедад ја запишаа седмата победа во Примера, откако на домашен терен славеа над Севилја 2:1.


Натпреварот во Сан Себастијан го обележа неверојатниот кикс на голманот на Севилја, Дмитровиќ, ракетата на Садик и црвените картони кои ги добија највозрасните играчи на Севилја, Серхио Рамос и Хесус Навас.

Во третата минута Дмитровиќ очекуваше центаршут, Баренечеа шутирапе во голот, а српскиот голман со несмасна интервенција си постигна авто-гол.

Во 22.минута, Садик испрати вистинска бомба од 30 местри која заврши во голот на Севилја.

Гостите од Андалузија доминираа во втроиот дел, во 60.минита намалија на 2:1 со авто-голот на Ле Норман, десет минути подцна Ен Несири ја погоди стативата, но не успеаја да го постигнат вториот гол.

Финишот донесе многу возбудувања, во 88.минута, Рамос поради груб старт доби црвен картон, а исклучен беше и капитенот Навас поради бурни протести кон помониот судија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK