Поранешниот светски шампион со Германија во 2014 година, Јулијан Дракслер летово стана играч на катарскиот Ал Ахли. Овој 30-годишен крилен напаѓач пристигна во Доха од Бенфика, каде беше на позајмица од ПСЖ, а за катарскиот клуб потпиша до летото 2025.
Неколку дена по потпишувањето на договорот, тој призна дека парите биле главната причина за негова преселба во Ал Ахли.
„Сега би можел да кажам дека по 12 години во Европа сакав да запознаам нова култура, да стекнам меѓународно искуство, да бидам дел од возбудлив проект… И целосно да го игнорирам прашањето за парите. Дури и ако овие работи што ги наведов се точни , знаете која е главната причина поради која сум овде. Ќе лажам ако кажам дека финансискиот дел не беше решавачки“, изјави Дракслер за германските медиуми.
На Ал-Ахли во последно време му оди многу лошо и се чини дека тоа почна сериозно да го фрустрира Дракслер. Тимот забележа две победи на 10 натпревари и се наоѓа во зоната за испаѓање. Во последното коло Ал-Ахли загуби од Катар СЦ со 4:2.
Дракслер влезе на полувремето додека Ал-Ахли губеше со 2:0, а во 58. минута Катар СЦ го постигна третиот гол. Дракслер во 62.минута намали на 3:1, а во 66.минута намали на 3:2. Во 90. минута гостите го постигнаа четвртиот гол, а по него Дракслер од револт го напушти теренот пред последниот судиски свиреж.
🚨🚨🚨: (Hors SPL) 🇶🇦
SITUATION ÉTRANGE 😕
Julian Draxler, joueur du club qatari d’Al Ahli, est entré en jeu en seconde période contre le club Qatar, et quelques minutes avant la fin du match, il a décidé de quitter le terrain !!!!
Le contexte svp ?pic.twitter.com/STZisugHKd
— SPL 🇸🇦 (@ActuSPL) October 23, 2023