(Видео) Досега невидена снимка. Слушнете што му вели Хабиб на Мекгрегор додека го гуши

Conor-McGregor-Khabib-Nurmagomedov-1024x576-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Борбата помеѓу Хабиб Нурмагомедов и Конор Мек Грегор од УФЦ 229 во октомври 2018 година е една од најлегендарните во историјата на оваа организација.

Вчера УФЦ објави досега невидено видео од борбата во која убедливо победи Нурмагомедов и откри досега непознати детали од тепачката.

Имено, во најновото издание на серијата „Muted“ – серија што се навраќа на борби без глас на коментатори со засилен звук од кафезот и аглите, може да се слушне дека Хабиб се однесувал во кафезот на начин на кој не сме навикнати. од него.

Се слуша што зборува додека го гуши Ирецот. Нурмагомедов вика: „Пи..о те растурив, те скршив! Те скршив, ку..о!”

Само неколку моменти подоцна, Нурмагомедов го фрли својот штитник за забите во правец на аголот на Мек Грегор и го прескокна кафезот за да го нападне Дилон Данис. Ова предизвика масовна тепачка за која се зборуваше и пишуваше со години потоа.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK