(Видео) Дончиќ со 50 поени го растури Феникс

Видео-Дончиќ-со-50-поени-го-растури-Феникс.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Далас Маверикс ги совлада Феникс Санс на гостински терен со резултат 128:114 во последниот натпревар од Божикната програма во НБА лигата.

Блескаше Лука Дончиќ, кој постигна 50 поени и со тоа надмина 10.000 поени во својот 358. натпревар во НБА. Словенецот имаше уште и 15 асистенции и шест скока.

Дерик Џонс додаде 23 поени за победничкиот тим, а Дерек Лајвли 20 и десет скока.

Во тимот на Феникс најефикасен беше Грејсон Ален со 32 поени, а го следеа Чимези Мету со 23 поени и 19 скока, како и Девин Букер со 20 поени, три скока и 10 асистенции.

Двоцифрени беа Кевин Дурент со 16 поени, осум скока и седум асистенции, како и Ерик Гордон со 14 поени.

Кошаркарите на Мајами Хит славе во дуелот со Филаделфија со резултат 119:113.

Во победата на Хит најрасположен беше Мексиканецот Хамес Хакез, кој имаше дабл-дабл учинок со 31 поен и 10 скока. Тоа беше неговиот рекорд во НБА кариерата.

Го следеа Бем Адебајо со 26 поени, 15 скока и пет асистенции и Тајлер Хиро со 22 поени, шест скока и пет асистенции, Данкан Робинсон со 16 и Кајл Лори со 12 поени.

За Филаделфија, која овој меч го одигра без Џоел Ембиид, Тобијас Харис постигна 27 поени со седум скока и шест асистенции, а го следеше Кели Оубре Јуниор со 25 поени, седум скока и три асистенции, додека Мо Бамба запиша 18 поени и шест скока.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK