(Видео) Детроит Пистонс се најлошиот тим во историјата на НБА

Видео-Детроит-Пистонс-се-најлошиот-тим-во-историјата-на-НБА.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кошаркарите на Детроит поставија рекорд по бројот на последователни порази во една сезона, во НБА лигата.

Пистонс загубија од Бруклин со 112:118, што беше нивен 27-ми пораз по ред.

Во сезоната 2010/11 Кливленд Кавалирс имаа 26 последователни порази, а рекордот по вкупен број последователни, 28 го држи Филаделфија. Серијата започна во сезоната 2014/2015 (10 порази) и продолжи со 18 порази во сезоната 2015/2016.

Нетси ги предводеа Камерон Џонсон со 24 поени, Микел Бриџис со 21 поен и Кам Томас со 17 поени.

Во тимот на Детроит најефикасен беше Кејд Канингем со 41 поен, Бојан Богдановиќ постигна 23, а Џејлен Дарен имаше 12 поени со 15 скока.

Резултати:

Вашингтон – Орландо 119:127
Чикаго – Атланта 118:113
Хјустон – Индијана 117:123
Њу Орлеанс – Мемфис 115:116 пр.
Оклахома – Минесота 129:106
Сан Антонио – Јута 118:130
Портланд – Сакраменто 130:113
ЛА Клиперс – Шарлот 113:104

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK