Црвена звезда и Партизан одиграа драмтчно дерби во 18.коло во АБА лигата. Црвен-белите славеа со 88:86 и речиси сигурно го обезбедија првото место во регуларниот дел од сезоната.
Дербито, донесе многу нервоза на теренот, неколку технички грешки, поради две беше исклучен играчот на Партизан Лидеј. Натпреварот таеше два ипол часа.
Црвена звезда доминираше три четвртини, имаше и предност од 21 поен, а во последната четвртина влезе со 72:56. Сепак Партизан успеа да се врати, со серија тројки во последните пет минути, најпрвин црно-белите дојдо до едноцифрен минус, а на 11 секунди до крајот Нанели погоди три слободни фрлања и го изедначи резултатот.
Во последниот напад Бразилецот Јаго дос Сантос поентираше од тешка позиција на три секунди до крајот, а потоа шутот на Аврамовиќ не беше прецизен.
Најефикасен беше Ханга со 15 поени, Боломбој имаше 14 со 13 скока, а Јаго 13 поени. На другата страна Нанели заврши со 19, Камински одигра брилијантно и постигна 18 поени без промашување од поле, Пантер 14, а Аврамовиќ и Лидај по 13 поени.
На осум кола до крајот на регуларниот дел од сезоната Црвена звезда има скор 16-2, а Партизан 13-5.
Pobeda Crvene zvezde protiv Partizana, 88:86. pic.twitter.com/3qwpLia489
— B92 Sport (@b92sport) January 28, 2024