(Видео) Црвена звезда го декласира Партизан, хет-трик на Ндијај

Untitled-3-9.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Црвена звезда го совладаа Партизан со 4:0 во 174-то вечно дерби. Ова е прва победа на Црвена звезда на стадионот на Партизан по 27.февруари 2-016 година.



Црвено-белите имаа апсолутна контрола на натпреварот, во голема мера го имаа и поседот на топката, а од тој посед Звезда создаваше шанси. Партизан ги бараше грешките на ривалите на средината на теренот и се обидуваше да се закани кон голот на Глазер со брза транзиција.

По една таква акција Партизан ја имаше најсериозната шанса коха Зубаиру центрираше,а левиот бек Јурчевиќ ја погоди гредата.

Претходно, црвена звезда постигна гол од пенал во 24.минута, стрелец беше Ендијај. Во последните секунди од првиот дел беше решен победникот во дербиот, кога СИлас со гол заврши една фолга акција на соиграчите.

Во вториот дел Ендијај со два гола го комплетираше хет-трикот и убедливиот триумф на својот гол. Ендија го одигра четвртото дерби, има постигнато шест гола.

Вака убедлива победа на некој од ривалите немало цели 26 години, кога во Во 110-то вечно дерби одиграно на 8 април 1998 година, Звезда победи и на домашен терен со 4:0.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK