Кошаркарите на Хјустон победија против Лос Анџелес Лејкерс со 99:93 и го намалија резултатот на 2-3 во плејоф серијата.
Џабари Смит Џуниор постигна 22 поени, Тери Исон додаде 18, а Рокетс избегнаа елиминација втор натпревар по ред со победа над Лејкерс.
Алперен Шенгун имаше 14 поени, девет скока и осум асистенции за Хјустон, кои ја вратија серијата на домашен терен.
Хјустон победи на два натпревари по ред и покарј тоа што не играше водечкиот стрелец Кевин Дурант, кој пропушти четири од петте натпревари во серијата поради повреда.
Ниту еден тим во историјата не успеал да се врати од дефицит од 0-3 за да победи во плејоф серијата на НБА, но Рокетс се на половина пат.
Само четири од 159-те тима што губеа со 0-3 успеале да изборат „мајсторка“, но не и да победат во серијата.
Леброн Џејмс постигна 17 од своите 25 поени во второто полувреме и додаде седум асистенции, но Лос Анџелес го претрпе вториот пораз по ред откако направи неверојатен пресврт во последните секунди од регуларното време во третиот натпревар.
Тимовите на Леброн Џејмс никогаш не пропуштиле водство од 2-0 во серијата за време на неговата 23-годишна кариера во НБА.
Остин Ривс постигна 22 поени и имаше шест асистенции во неговото враќање на теренот, откако пропушти девет натпревари поради повреда. Блескаше и Деандре Ејтон со 18 поени и 17 скокови.