(Видео) Борусија загуби од претпоследниот тим во Бундес лигата

12742996.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Кил во својата дебитанска сезона ја забележаа најголемата победа во Бундес лигата. Во 17.коло, Кил со 4:2 ја победи Борусија Дортмунд.


По оваа победа Кил стигна до 11 бода, но се уште е во зоната за испаѓање, додека Дортмунд го забележа вториот пораз во новата година и се наоаѓа на осмото место со 25 бода.

Дортмунд одигра катастрофално прво полувреме, кое го загуби со 3-0.

Најпрво во 27. минута Машино му донесе водство на својот тим, а само пет минути подоцна Харес на асистенција на Розенбум го зголеми водството на Кил. До крајот на првото полувреме Бернхардсон го принуди Кобел по третпат да ја извади топката од мрежата.

„Милионерите“ не се предадоа, во вториот дел постигнаа два гола, преку Рејна и Гитенс.

До крајот играчите на Борусија се обидоа но не успеаја да изедначат. Точка на натпреварот во последните секунди стави Бернхардсон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK