Борусија Дортмунд дојде до триумф (2:4) на гости против Фрајбург со пресврт во второто полувреме. „Милионерите“ поведоа преку Хумелс, но до полувремето домаќинот направи пресврт преку Холер и Хофлер, за 2-1 на одморот.
Сепак, во вториот дел, Мален од пенал во 60. минута израмни на 2:2, а Матс Хумелс во 88.минута погоди за 2:3. Точка на победата стави Марко Ројс.
Лајпциг на домашен терен ја оправда фаворитската улога со Аусбург и славеше со 3:0. Сите три гола паднаа во првите 45 минути, а стрелаа Чави Симонс, Лоис Опенда и Давид Раум.
Волфсбург на домашен терен беше подобар од Унион Берлин со 2:1, Штутгарт победи кај Мајнц (2:1), додека Хофенхајм ги освои трите бода на гостински терен кај Келн (1:3).