(Видео) Блиц-криг на Левандовски, Барселона среде Мадрид го декласира Реал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона го декласира Реал на „Сантијаго Бернабеу“ со 4:0 во 11.коло во Ла Лига. Тимот на Ханси Флик сега има шест бода повеќе од Реал на првата позиција на табелата.



Барселона ги соголи сите проблеми на Реал и нефункционалноста во нападот меѓу Винисиус Жуниор и Килијан Мбапе. Најголемото засилување за Реал во летниот преоден рок, Мбапе промаши две добри шанси во вториот дел при резултат 0:2, но тешко излегуваше на крај со дефанзивците на Барселона кои шест пати го „уловија“ во офсајд.

Винисису пак во првото полувреме поради себичноста ја упропасти најдобрата шанса на Реал кога резултатот беше 0:0.

Барселона откако го иконтролира првото полувреме, во вториот дел го декласра противникот.

Блиц-криг на Роберт Левандовски во 54. и 56.минута. Полјакот дојде до 12. и 13. гол во првенството. Во нареднките 15 минути Левандовски не реализираше две чисти шанси.

Дебаклот на Реал го комплетираа Ламин Јамал во 73. и капитенот Рафиња во 84.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK