(Видео) Билансот на „Виенскиот срам“, се бројат повредени полицајци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Големото дерби меѓу виенските ривали Австрија и Рапид мина во сенка на жестоко насилство на хулиганите на двата клуба.



Натпреварот заврши со победа на домаќинот Рапид (2:1), кој со тоа го зазеде првото место на табелата. Ден по дербито ретко кој зборува за играта, головите, убавите потези.

Според официјалниот полициски извештај, шестмина припадници на оваа служба биле повредени при големите немири кои се случиле на самиот терен, каде се судриле хулиганите на двата клуба.

Вкупно во текот на вечерта во болницата помош побарале девет лица.

Ситуацијата, да потсетиме, ескалира кога најжестоките приврзаници на Рапид, многумина со маски, истрчаа кон гостинската трибина, вооружени со стапови и пиротехнички средства, целосно подготвени за напад. Нивните соперници веднаш реагираа, па тој дел од теренот се претвори во вистинско бојно поле.

Австриските медиуми во преден план го потенцираат и отсуството на каква било реакција од страна на редарите, кои стоеја на страна и го следеа судирот на хулиганите“.

И полицијата не реагираше веднаш, туку тргна во акција неколку минути по најсилниот судир на хулиганите, што беше тема и на австриските медиуми.

„Поразот на виенскиот фудбал“ е можеби најдобриот опис на страниците на „Курир“ по се што се случи во неделата вечерта на стадионот Рапид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK