Фудбалерите на Торино и Јувентус ремизираа (1:1) во градското дерби одиграно во рамките на 20.коло, во Серија А. Торино остана на само една победа во „Дерби деал Моле“ во последните три децении, а Јувентус ја продолжи серијата нерешени резултати. Шест пати тимот на Тијаго Мота одигра без пбедник на последните седум натпревари.
Јувентус дојде д предност во осмата минута, кога талентираниот Јилдиз шутираше од далечина и погоди.
Овој резултат беше активен до финишот на првиот дел. Во судиското надополнување топката стигна до Никола Влашиќ, кој постигна прекрасен гол.
— OvoOno (@OvoOnoX) January 11, 2025
Дербито на Торино го одбележа и вербалната пресметка на двајцата тренери, по што беа исклучени. Тиаго Мота и Паоло Ваноли се скараа по стартот на Савона над Карамоа, ситуацијата набрзо ескалира кога се вмешаа играчите.
„Старата дама“ останува непоразена, но ова е 12. реми за тимот во 19 кола. Моментално Јувентус се наоѓа на петтото место со 33 бода, додека Торино е 11-ти со 22.
Во следното коло Јувентус гостува кај Аталанта додека фудбалерите на Торино ќе патува во Фиренца.