(Видео) Белгија ги декласира САД


14131049.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Белгија се пласираа во четвртфиналето на Светското првенство со убедливата победа над САД со 4:1 (2:1).


Овој натпревар беше најконтроверзниот на Светското првенство поради хаосот што се предизвика ФИФА, откако на барање, на американскиот претседател Доналд Трамп, го поништи црвениот картон на Фоларин Балогун.

Поголемиот дел од фудбалскиот свет беше згрозен од таков преседан режиран од ФИФА, ја натера фудбалската јавност да навива за Белгија.

Сепак, целата ситуација само го разбуди инаетот кај Белгијците, кои буквално доминираа над тимот на САД од првата до последната секунда, користејќи ги сите грешки во одбраната на Американците.

Блескаше на овој натпревар Де Кетеларе со два гола и асистенција. Напаѓачот на Аталанта ја отвори серијата во деветтата минута, а откако Тимлан „случајно“ изедначи во 31-та минута, две минути подоцна Де Кетеларе им ја врати предноста на Белгијците.

Мечот практичноб беше решен во 57-та минута кога Ванакен ја искористи грешката на американскиот голман и погоди од голема далечина. Точкка на натпреварот стави најдобриот стрелец во историјата на Белгија, Лукаку во 93-та минута.

Белгија во четвртфиналето ќе игра против Шпанија, која претходно со голот на Мерино во 91-та минута ја испрати дома Португалија.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK