(Видео) Барселона два пати водеше и не победи, Диао во 93.минута му донесе бод на Бетис

12674431.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бетис ја прекина лошата серија во дуелите со Барселона на домашен терен. По серијата од седум порази на „Бенито Виљамарин“, Бетис освои бод против Барселона (2:2) во 17.коло во Примера. Според играта и бројот на создадени шанси Бетис заслужи да го победи лидерот на табелата.


Бетис во 93.минута го постигна вториот гол преку младиот напаѓач Диао. Бодот апсолутно го заслужија домаќините, кои промашија неколку големи шанси. Две врвни интервенции имаше Ињаки пења. Во третата минута му одбрани во ситуација „еден на еден“ на Ез Абде, а во вториот дел брилијантно реагираше по шутот на Авила.

Покрај тоа Бетис имаше уште две големи шанси, во првиот дел ударот на Ло Селсо заврши крај голот, а во вториот нестварно е што промаши Алтимира, од четири метри топката по неговиот удар заврши крај голот.

Барселона првата добра акција ја круниса во гол, по додавањето од Кунде Левендовски постигна гол. Израмнувањето дојде во 67.минута. Де Јонг, кој три минути претходно влезе во игра го фаулираше играчот на Барселона на позајмица во Бетис, Витор Роке. Поради бурни протести црвен картон доби тренерот на Барселона, Ханси Флик.

Главниот судија не виде ништо, ВАР се огласи, па по прегледувањето на снимката Бетис доби пенал. Најстрогата казна ја реализираше Ло Селсо.

Втората добра акција на „Бенито Виљамарин“ Барселона ја изведе во 83.минута, брилијантно додавање на Јамал за Торес кој погоди за 1:2.

Бетис до крајот повторно притисна и за желбата, борбеноста и добрата иф=гра беа наградени со голот на Диао.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK