(Видео) Атлетико со пресврт го победи Виљареал, Гризман втор најдобар стрелец во клупската историја

Видео-Атлетико-со-пресврт-го-победи-Виљареал-Гризман-втор-најдобар.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA


Фудбалерите на Атлетико Мадрид го победија Виљареал со 3:1 во последниот натпревар од 13. коло од Ла Лига. Атлетико славеше со надмоќна игра и пресврт во второто полувреме.

Атлетико од почетокот тргна во офанзива кон голот на Јоргенсен. Откако не искористија неколку солидни можности, Џерар Морено го шокираше „Метрополитано“. Имаше веднаш потоа и Серлот добра шанса меѓутоа Облак одбрани.

Кога се собраа од шокот „јорганџиите“ продолжија со офанзивата. Изедначија во 45+1.минута со голот на Витсел. До крајот на првиот дел имаа уште две шанси кои не ги реализираа.

Атлетико не ја смени тактиката и во вториот дел, создаваше шанси но Гризман, Мората и Кореа не беа прецизни. Конечно отпорот на Виљареал во целост беше скршен во 80.минута, по акцијата на Коке и Љоренте, кога Гризман од непосредна близина само ја проследи топката во голот.

Гризман стигна до 169. гол за Атлетико и на вечната листа се израмни со Адријан Ескудера на второто место. Само четири гола го делат од легендарниот Луис Арагонес, кој е на врвот на листата со 174 гола.

До крајо голманот на Виљареал капитулираше уште еднаш, Соло акцијата и асистенцијата на Бариос во гол ја претвори Бразилецот Лино.

Атлетико сега е четврти со 28 бода, од водешките три екипи на табелата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK