Атлетико Мадрид и Милан со победи во Прага, односно Братислава го отворија петтото коло во Лигата на шампионите. Атлетико до врв ја наполни мрежаа на Спарта (6:0), а Милан против Слован се мачеше 70.минута, на крајот победи со 2:3.
Атлетико ја прегази Спарта со апсолутна доминација на теренот и успеа да ја поправи гол-разликата. Антоан Гризман и Коке во Прага влегоа во клубот 100 во Лигата на шампионите.
Катастрофата на Спарта ја најави Хулијан Алварез со прекрасен гол од слободен удар во 15.минута. Во финишот на полувремето Љоренте успеа да го измами голманот на Спарта и тогаш беше јасно дека „јорганџиите“ ќе забележат победа. Во втриот дел уште еден гол постигна Алварез, потоа Гризман јубилејот го порслави со гол, а точка на натпреварот со два гола стави Анхел Кореа.
Атлетико ја забележа третата победа, втора во низа и втора на гостински терен има девет бода и гол разлика +2 (11:9).
Слован во Братислава му пружи силен отпор на фаворизираниот Милан. Словачкиот шампион имаше 1:1 по првиот дел, Пулишиќ погоди за 0:1 во 21.минута, а возврати поранешниот фудбалер на Вардар, Барсегјан три минути подоцна. Во вториот дел Слован имаше шанса за водство, а откако не ај искориси, следуваше блиц-криг на италијанскиот тим.
Во 68. нова предност на Милан му донесе Леао, а три минути подоцна погоди и Ејбрахам. Надеж за Слован донесе голот на Марсели во 88.минута, но до крајот домаќинот не успеа да постигне уште еден гол.
Со третата победа во низа, Милан се врати во борбата за пласман во првите осум на табелата.