(Видео) Арсенал рутински против Барнли, Јунајтед на „мускули“ го победи Лутон, важна победа за Евертон

Видео-Арсенал-рутински-против-Барнли-Јунајтед-на-„мускули-го-победи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во терминот од 16:00 часот се одиграа три натпревари од 12. коло во Премиер лигата. Победи на домашен терен забележаа Арсенал и Манчестер јунајтед, а како гостин славеше Евертон.


Арсенал се мачеше, против Барнли, кој се бранеше многу дисциплинирано, но накрајот запиша победа.

Тросар го постигна првиот гол на истекот на првиот дел.

Сите тогаш мислеа дека продолжението на натпреварот ќе биде рутина за Арсенал, но не беше баш така.

Во 54. минута Браунхил ги шокираше домашните навивачи кога успеа да изедначи на 1:1.

Арсенал предноста ја врати четири минути подоцна кога Тросар му асистираше на Салиба, за него деби гол сезонава во Премиер лигата. Белгиецот запиша уште една асистенција, во 74.минута кога Зинченко ги постави конечните 3.1.

Арсенал го заврши натпреварот со десетмина, поради црвениот картон на Виеира во 83. минута.



Разнишаниот Манчестер јунајтед успеа да го победи дебитантот во лигата, Лутон. Голот за три бода го постигна Виктор Линделоф во 59. минута.

Многу возбудливо беше на стадионот на Кристал Палас во Лондон, каде Евертон забележа многу важен триумф. „Карамелите“, два пати водеа Палас се враќаше во мечот, но не успе и трет пат да се врати кога Гана Геј погоди во 86.минута.

Стрелци за гостите, покрај Сенегалецот беа и Миколекно во првата и Дукуре во 49. минута. Головите за Палас ги постигнаа Езе во петтата минута од пенал и Едуард во 73.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK