(Видео) Арсенал (не) заслужи победа на „Олд Трафорд“


13268722.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалерите на Арсенал го победија Манчестер јунајтед со 1:0 во дербито од првото коло од новата сезона во Премиер лигата.


Натпреварот на „Олд Трафорд“ беше нетипичен, „топџиите“ влегоа со епитетот големи фаворити, но тоа го оправдаа само со резултатот. Манчестер јунајтед доминираше, пропуштија играчите на Рубен Аморим неколку добри шанси, но не успеаја да го совладаат Раја.

Решавачкиот момент се случи во 13.минута, кога погоди Рикардо Калафиори, со што го спречи противникот да ја забележи 100-та победа во меѓусебните дуели.

Италијанецот ја рокадата на голот на „црвените ѓаволи“, Онана беше заменет со Бајиндир, откако Рубен Аморим одлучи да не го вклучи Камерунецот во стартните 11.

По корнерот на Деклан Рајс, Турчинот погрешно го процени летот на топката, ќе остане дилемата дали имаше фаул врз него од Салиба, но по неговата лоша реакција, топката дојде до Калафиори кој од еден метар ја спроведе во голот.

Практично тоа беше се од Арсенал на овој натпревар. Јунајтед доминираа и во поседот и според шансите. Доргу во првиот дел ја погоди стативата, Куња имаше добар пробив, но лоша завршница, а во вториот дел Раја брилијантно го одбрани ударот на Мбеумо.

Foto/ EPA/ADAM VAUGHAN

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK