(Видео) Англиските легенди: Пеналот за ПСЖ е смешен, Луис Енрике: Ова е фудбал, не е кошарка

Видео-Англиските-легенди-Пеналот-за-ПСЖ-е-смешен-Луис-Енрике.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ПСЖ, вчера од сомнително досуден пенал, успеа да избегне пораз од Њукасл на домашен терен во 98.минута.


Пенал за францускиот шампион беше досуден откако топката се одби од градите на Тино Ливраменто и го погоди во лактот. Натпреварот го водеше Полјакот Шимон Марчинијак, а од ВАР-собата го повикаа сам да погледне што се случуваше во таа акција. Во ВАР-собата беа сонародникот на Марчинијак, Томаш Квјатковски и Хрватот Иван Бебек.

ПСЖ, со нерешениот резултат остана во игра за пласман во осминафиналето. Англиската јавност, медиумити, спортските коментатори и аналитичари не ги штедеа критиките за одлуката на судиите.

Поранешните фудбалски ѕвезди, а сега стручни коментатори, како Алан Ширер и Гери Невил, се нафрлија на ВАР и таа одлука.

„Како е можно дека ова е пенал за ПСЖ? Смешно“, напиша Линекер на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер), додека поранешниот напаѓач на Ливерпул, Стен Колимор се огласи со оваа порака: „ВАР, умри, те молам“. Во сличен тон е и пораката на на Ширер: „Какво ср..е“.

Од друга страна за тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, нема ништо спорно во одлуката која ја донесе Марчинијак. Ова беше како сценарио од хорор филм. Ја почувствувавме нивната сила и израмнивме со гол во судиското надополнување“, рече тренерот на „светците“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK