(Видео) Англија прва од Европа избори пласман на СП, Србија прими гол од центар па ја победи Андора


13430667.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалската репрезентација на Англија прва од Европа избори место на Светското првенство. Англија пукна петарда во Латвија, на две кола до крајот има 18 поени во групата, седум повеќе од Албанија и осум од Србија, која се мачеше во Андора, но победи со 3.1.


Англија ја покажа класата во К групата, шест натпревари исто толку победи и гол разлика 18:0. Вечерва во Рига избраниците на Томас Тухел славеа со 5:0.

Серијата ја отвори Ентони горсон во 26-та минута, а до крајот на полувремето два гола постигна Хари Кејн. Во вториот дел авто-гол си постигна Тонишевс, а точка на мечот стави Езе во 86-та минута.

Во оваа група Србија некако успеа да победи во Андора. Србите се уште се во шок по поразот од Албанија, во саботата и заминувањето на селекторот Стојковиќ.

Дополнителен шок доживеаја во 17-та минута кога Гарсија, со спектакуларен гол, од половина терен и донесе предност на Андора.

Србите веќе во следниот напад изедначија во авто-голот на Гарсија. Во вториот дел погодија Влаховиќ во 54-та и Митровиќ од пенал во 77-та минута.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK