Баерн Минхен во спектакуларен натпревар, го победи Реал Мадрид со 4:3 и се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите. Покрај спектакуларното прво полувреме, натпреватот го обележаа двете грешки на голманот на Баерн Мануел Ноер и аматерскиот потег на Едуардо Камавинг, кој беше исклучен во 96-та минута.
По 35 секунди од играта, Реал Мадрид води. Неверојатна грешка направи Мануел Ноер, тој испрати катастрофално додавање, Арда Гулер ја искористи таа грешка, и од околу 20 метри погоди празна мрежа.
Баерн експресно одоговри, во шестата минута, дискутабилна реакција на Лунин, а Павловиќ со глава ја проследи топката во голот.
Реал предноста ја врати во 29-та минута. Лајмер направи невнимателен фаул во опасната зона. Гулер ја намести топката и го совлада Ноер. Впечаток е дека голманот на Баерн мораше подобро да реагира.
Баварците возвратија десет минути подоцна. Реал навидум се одбрани по опасниот обид на Станишиќ, но следеше нова акција на Баерн. Упамекано ја „пресече“ одбраната на гостите со додавање, Александар-Арнолд заспа, а Кејн го казни тоа.
Три минути подцна Винисиус ја погоди гредата, а веднаш потоа Мбапе трет пат му донесе водство на Реал.
Кејн го отвори контранападот на Реал со својата грешка, Винисиус го забележа движењто на, а Французинот рутински го реши зицерот.
Вториот дел му припадна на Баерн, но без многу шанси. Страшна шанса иаше Мбапе во 55-та минута, се исткана Ноер со брилинантна одбрана.
Многу поконкретни беа фудбалерите на Реал, но резултатото не се смени се до 89-та минута.
Три минути претходно Камавинга го доби вториот жолт картон. Французинот аматерски реагираше, по фаулот што го направи не ја врати топката, крадеше време, а Винчиќ го исклучи.
Инаку, Камавинга на теренот влезе во 69-та минута.
Казната стигна во претпоследната минута, Луис Дијаз изедначи на 3:3, а во 94-та минута Олисе стави точка на натпреварот.
Полуфиналните натпревари ПСЖ – Баерн и Атлетико Мадрид – Арсенал се закажани за 28/29 април и 5/6 мај.
Европската круна ја брани екипата на Пари Сен Жермен.
Foto/ EPA