Албанија ја победи Грузија во Тбилиси со 1:0 на стадионот „Микеил Мески“, во Б-дивизијата во Лигата на нации.
Грузија по две воведни победи доживеа втор пораз во низа, додека Албанија ја прекина серијата неуспеси.
Единствен стрелец на натпреварот беше Кристијан Аслани во 48. минута. Најпрво Туци одлично му асиситраше, а тој со удар од работ на шеснаесетникот ја смести топката во долниот лев агол од голот на Грузија.
По оваа победа Албанија се израмни на првото место на табелата со Грузија и Чешка кои имаат по шест бода.
Во следното коло Албанците ќе ја пречекаат Чешка, додека Грузија ја чека Украина.
Репрезентацијата на Словачка, цио Ц-дивизијата славеше на гостувањето против Азербејџан со 3:1.
Словаците со оваа победа го освоија десеттиот бод со што се искачија на лидерската позиција во групата 1, додека Азербејџан и по четвртото коло нема бодови.
Избраниците на Федерико Калцоне поведоа во 15. минута по автоголот на Рахил Мамадов. Домашните израмнија во 38. минута кога Бајрамов ја погоди мрежата на гостите.
Но, тука не завршија возбудувањата на овој натпревар, бидејќи Лукас Хараслин со својот гол во 75. минута им ја врати предноста на Словаците, која во 87.минута ја потврди Дурис.
Во следното коло, кое се игра во ноември, Словачка и гостува на Шведска, а Азербејџан ќе се обиде да ги освои првите бодови на гостувањето кај Естонија.