(Видео) 85.000 луѓе го пречекаа Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“

mbappe.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе и официјално беше промовиран во нов играч на Реал Мадрид. На промоцијата присуствуваа 85.000 луѓе на „Сантијаго Бернабеу“.


Мбапе, утринава најпрвин беше на лекарски прегледи, а потоа заедно со претседателот на Реал Флорентино Перез го парафираше повеќегодишниот договор.

Мбапе ќе остане во шпанската престолнина најмалку до летото 2029 година. Само за потписот доби 130 милиони, а месечно ќе заработува 26 милиони евра нето.

На дресот ќе го носи бројот девет, откако не инсистираше на бројот десет што го носи Лука Модриќ.

По потписот следеше спектакуларна промоција пред 85.000 навивачи на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, први на теренот излегоа претседателот Флорентино Перез и клупските легенди Хосе Мартинез Пири и Зинедин Зидан.

По тој повод беше прикажан специјален филм подготвен исклучиво за оваа пригода, на кој се прикажани ексклузивни снимки од Зизу и младиот Мбапе.

Легендарниот француски играч за врска беше тој што работеше со својот 13-годишен сонародник во тренинг комплексот на Реал.

„Почитуван Зизу, ова е многу важно. Пред 12 години го поканивте детето што го промовираме денес овде. Денеска ќе го пречекаме Килијан Мбапе“, рече Перес и потоа му посака добре дојде на Мбапе.

„Дојде овде по најефикасната сезона во кариерата и тројната круна во Франција. Ти благодариме за безусловната љубов што ја покажа кон Реал. Стотици деца од Франција се денес тука благодарение на твојаѕа хуманитарна работа. Сето тоа не прави горди. Килијан, добре дојде во Реал Мадрид“.

Набрзо, за прв пат како играч на Реал Мадрид, Килијан Мбапе се појави на тревата на „Бернабеу“ и предизвика ерупција од воодушевување.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK