Вест Хем го „украдоа“ Тодибо од Јувентус

reac-todibo-reims.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јувентус со месеци преговараше со Ница околу трансферот на Жан Клер Тодибо и додека „старата дама“ тактизираше и се обидуваше да ја намали цената, Вест Хем реши да реагира и да постигне договор со Ница околу трансферот.



„Чеканите“ подготвиле 40 милиони евра и процент од следната продажба за трансферот на Тодибо.

Според англиските медиуми промоцијата на Тодибо во дресот на Вест Хем се очекува во текот на денот.

Овој 24-годишен стопер во 2019 година се пресели од Тулуз во Барселона. Откако не ја доби вистинската шанса во Барселона, играше за Шалке и Бенфика. Ница во 2021 година го откупи неговиот договор од Барселона за сума од 8.500.000 евра.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK