­

„Ве молам дајте му на Салах што сака и тоа е тоа“


GettyImages-2166326697.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Легендарниот напаѓач на Ливерпул, Роби Фаулер им порача на клупските челници да му ги исполнат желбите на Мохамед Салах и да потпишат нов договор со него.


„Ако има кажевте на навивачите дека оваа сезона ќе биде ваква, дека тимот ќе заврши прв во Лигата на шампионите, дека ќе стигне до финалето на еден од куповите и дека ќе ја освои Премиер лигата, што би посакале тие? Одговорот е јасен – навивачите на Ливерпул ја сакаат титулата во Премиер лигата. Многумина ја пропуштија прославата минатиот пат кога немаше навивачи на стадионот поради коронавирусот“, рече Фаулер.

Клубот мора да обезбеди нови договори за Мохамед Салах и Вирџил ван Дајк, јасен е поранешниот центарфор на „црвените“.

„Би му дал на Салах што сака врз основа на тоа што го покажа. Да потпишете со кој било друг играч ќе бидат потребни многу пари. Зошто да не му ги дадете сите тие пари на некој кој веќе покажал се, како што направил Салах? Ве молам, дајте му што сака и тоа е тоа”, нема дилеми победникот на Купот на УЕФА со Ливерпул.

Салах има неверојатна сезона и додека не испаднаа од Лигата на шампионите беше споменуван како главен кандидат за Златната топка оваа година. На 43 натпревари во сите натпреварувања постигна 32 гола и забележа 22 асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK