Ракометарите на Вардар 1961 денеска (16 часот) му гостуваат на Рајн Некар Левен во реванш натпреварот од квалификациите за пласман во групната фаза од ЕХФ Лига Европа.
Со оглед на убедливиот пораз (25:34) на „црвено-црните“ од силниот германски тим на првиот натпревар во Скопје, јасно е дека Вардар треба само да се потруди да остави добар впечаток во Манхајм. Европската битка делува загубено.
Вардар 1961 е двократен европски првак и ракометарите на Владо Недановски ќе треба да одиграат максимално фокусирано за да избегнат нов убедлив пораз.