Вардар ја почна сезоната со победа над Бутел

Вардар-ја-почна-сезоната-со-победа-над-Бутел.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како загревање за големото дерби со Пелистер, Вардар го совлада Бутел со 24:21 (10:8) во првото коло од ракометната Суперлига, откако беа во водство во поголемиот дел од мечот.


Иако конечниот резултат не изгледа убедлив, Вардар водеше со гол-два во текот на првото полувреме, за во второто со добра серија да ја направат најголемата разлика од 16:9.

Срдановиќ со осум гола беше најефикасен кај Вардар, додека по три дадоа Ѓукиќ и Лазаревски, а кај Бутел најдобар беше Јефтиќ со шест гола.

Големата пресметка со Пелистер на програмата е во сабота.

Фото: РК Вардар

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK