Фудбалерот на Тотенхем, Мики ван де Вен, потпиша нов договор со англискиот клуб.
Во своето соопштение, Тотенхем не даде никакви детали за новиот договор на Ван де Вен, но добро познатиот инсајдер Фабрицио Романо објави дека 25-годишниот холандски дефанзивец, чиј договор со Тотенхем истекуваше во 2029 година, потпишал нов петгодишен договор со лондонскиот клуб.
„Потпишувањето на нов договор е посебен момент, и за мене и за моето семејство, и ме прави горд. Отсекогаш го сакав Тотенхем, уште од првиот ден кога пристигнав тука. Го сакам клубот, ги сакам навивачите и постигнав значителен напредок тука. Јасно е во која насока клубот сака да оди и сакам да бидам дел од тоа. Со нетрпение го очекувам она што нè очекува“, рече Ван де Вен, како што објави веб-страницата на клубот.
Ван де Вен дојде во Тотенхем во 2023 година од Волфсбург, а оттогаш одигра вкупно 96 натпревари и постигна 10 гола.
Foto/ Depositphotos