Ван Дајк сака да го продолжи договорот со Ливерпул

1712318402168_400385f8-3443-415c-9a23-897bd4de7fbf-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Капитенот на Ливерпул и холандската фудбалска репрезентација, Вирџил ван Дајк изјави дека сака да го продолжи договорот со клубот, пренесува Мирор.


Ван Дајк има договор со Ливерпул до 30 јуни следната година. Тој во летниот преоден рок имаше понуди од клубови од Саудиска Арабија, но реши да остане во тимот од Енфилд.

Британските медиуми наведуваат дека холандскиот фудбалер во случај да не ја продолжи соработката со Ливерпул, веќе во јануари следната година би можел да започне преговори со други клубови.

„Сакам да ги предводам Ливерпул и Холандија во следните две години. Размислував за се, особено по елиминацијата од Англија во полуфиналето на Европското првенство. Примивме гол од Англија во последната минута, по тој натпревар, бев многу разочаран и полн со емоции/ Тогаш можеби изгледаше дека го одиграв последниот натпревар за репрезентацијата. Потоа заминав на одмор со семејството и се се среди“, рече Ван Дајк кој за холандската репрезентација настапи на 75 натпревари.

Ван Дајк (33) е член на Ливерпул од 2018 година. За клубот од „Енфилд“ одигра 273 натпревари и постигна 23 гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK