Репрезентациите на Аргентина и Уругвај во петок ќе одиграат натпревар од квалификациите за Светското првенство. Двете јужноамерикански селекции ќе се сретнат во Буенос Аирес, а натпреварот ќе започне еден час по полноќ, по средноевропско време.
Аргентина, која има еден пораз (од Саудиска Арабија на СП во Катар) о последните 50 натпревари, ќе ја предводи Лионел Меси. На другата страна ќе биде ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, кој на новинарите им призна дека не може да го запре Меси.
„Не знам како да го направам тоа. Никогаш не ми успеа. Одиграв неколку Ел Класико против него и секогаш Касемиро имаше задача да го чува Меси. Тој беше добар, знаеше како да го спречи, но не можеше секогаш за до запре. Мора да го почитувате Меси бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во светот“, изјави Валверде.
Аргентина води на јужноамериканската квалификациска табела со 12 бодови и перфектен учинок од четири победи, Уругвај е на второто место со седум бодови, колку што имаат Бразил и Венецуела.