Светската антидопинг агенција (ВАДА) се уште не донела конечна одлука за случајот со Јаник Синер, откако Италијанецот двапати беше позитивен на забранетата супстанца клостебол.
Претходно „Кориере дела сера“ објави дека ВАДА и Италијанската антидопинг агенција (НАДА) одлучиле да не ја обжалат одлуката на Меѓународната агенција за интегритет во тенис (ИТИА), пред Судот за арбитража во спортот во Лозана.
Во соопштението доставено до Адам Адикот, уредник на англиската верзија на веб-страницата „Убитенис“, се наведува дека истрагата за „случајот Синер“ се уште е во тек.
„Конечната одлука не е донесена“, се вели во соопштението, со додавање на членовите од Светскиот анти-допинг кодекс, кои наведуваат до кога треба да се донесе конечната одлука.
Доколку дојде до пресврт во оваа приказна и Синер биде суспендиран, ќе ги загуби титулите на Ју-ес опен и Мајами, како и поените за полуфиналето на Индијан Велс и Монте Карло, четвртфиналето на Мадрид, полуфиналето на Ролан Гарос, титулата во Хале, четвртфиналето на Вимблдон, четвртфиналето во Монтреал и титулата во Синсинати.
🚨NEW🚨
The WADA has issued me this statement on Jannik #SinnerPART ONE
“WADA’s review of this case is ongoing. No decision has been taken on that yet. For the deadline, read 13. 2. 3.5 of the World Anti-Doping Code.”— Adam_Addicott (@AdamAddicott) September 10, 2024