УФЦ спектакл – Волкановски против Махачев на 21. октомври

УФЦ-спектакл-–-Волкановски-против-Махачев-на-21-октомври.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Александар Волкановски доби шанса да му се реваншира на Ислам Махачев за поразот во Перт, во февруари оваа година. Борбата меѓу Австралиецот со македонско потекло и Дагестанецот ќе биде главен настан на УФЦ 294 во Абу Даби на 21.октомври.


Планот на ММА и Дејна Вајт, првично беше планирано, главниот настан да биде борбата за титулата во лесна категорија (до 70 килограми) меѓу Ислам Махачев и Чарлс Оливеира.

Сепак „Ду Бронкс“ Оливеира беше принуден да го откаже учеството во Обединетите Арапски Емирати на 21 октомври поради повреда. Првиот човек на ММА, Вајт, потврди дека Оливеира во еден тренинг меч се здобил со сериозна повреда на аркадата.

Место Оливеира противник на Махачев ќе му биде актуелниот шампион во перолесна категорија (до 66 килограми), Волкановски.

Во февруари во Перт, со одлука на судиите Махачев го победи Волкановски. Тогаш, Волкановски ја доби само последната рунда. Сега (не)планирано доби шанса да му се реваншира на Махачев за тој пораз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK