УЕФА им врачи специјални награди на Роналдо и Буфон

Untitled-3-13.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон, во четвртокот во „Грималдо Формум“ во Монте Карло, добија специјални награди од УЕФА. Буфон ја доби претседателската награда, а Роналдо ја доби специјалната награда на УЕФА за најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња.



Легендарниот голман Џанлуиџи Буфон е овогодинешниот добитник на претседателската награда на УЕФА.
Наградата на претседателот се доделува за извонредни достигнувања, професионална извонредност и примерни лични квалитети. Малкумина голмани биле на најголемата сцена толку долго и биле константни како Буфон во неговата 28-годишна кариера.

Џанлуиџи Буфон со 176 репрезентативни натпревари е голман со најмногу репрезентативни настапи, тој е рекордер на Италија по број на натпревари во репрезентацијата и четврти играч во Европа со најмногу репрезентативни натпревари.

Тој беше десеткратен шампион на Италија, шесткратен освојувач на Купот на Италија, го освои Купот на УЕФА во 1999 година и Лига 1 како голман на Пари Сен Жермен. Беше светски првак со Италија во 2006 година.

Буфон ја заврши кариерата каде што ја започна во 1995 година, во својата Парма пред нешто повеќе од една година.
„Тоа е сè луѓе! Ми дадовте сè. Ви дадов сè. Успеавме заедно“, изјави тогаш Буфон.

На Буфон наградата ќе му биде врачена на церемонијата за извлекување на Лигата на шампионите закажана за четврток на 29 август во Монако.

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ја доби специјалната награда за најдобар стрелец во Лигата на шампионите на сите времиња.

Роналдо постигна 140 гола на 183 натпревари во Лигата на шампионите за 18 години, следен на листата е Лионел Меси со 129 голови, додека Роберт Левандовски е трет со 94 гола.

Роналдо, моментално капитен на Ал Наср пет пати ја освојуваше Лигата на шампионите, во 2008 година со Манчестер Јунајтед, а во 2014, 2016, 2017 и 2018 година со Реал.

Тој го држи и рекордот по бројот на голови во една сезона од Лигата на шампионите, во сезоната 2013/2014 постигна 17 гола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK