Фудбалскиот клуб Удинезе го отпушти тренерот Андреа Сотил поради лошите резултати на тимот од почетокот на сезоната.
Екипата од Удине нема победа во првите девет натпревар оваа сезона. Со шест бода се наоѓа на 18. место на табелата.
Се очекува Сотил да го замени Габриеле Чиофи, кој веќе работеше во клубот.
Отказот за Сотил веќе некое време „лебди во воздух“, а одлуката е донесена откако минатиот викенд „Зебрите“ одиграа со Лече 1:1.
Сотил го презеде тимот минатото лето и забележа солидни резултати, завршувајќи ја сезоната на средината на табелата, но во актуелната кампања тимот игра под сите очекувања.
Шест нерешени и три порази се резултатот од почетокот на сезоната, а вкупно со Сотил на клупата тимот на 50 натпревари оствари 13 победи, 19 нерешени и 18 порази.
Чиофи, кој се споменува како главен кандидат да го замени Сотил, работеше во клубот како помошник на Лука Готи од декември 2020 до декември 2021 година, пред да биде именуван за главен тренер во сезоната 2021-2022.
Неговиот последен ангажман беше во Верона, но доби отказ по само десет натпревари во 2022 година.