Трпановски: Поквалитетни сме од Фарски Острови, ќе ги победиме

20240904105118.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

извор/ffm.mk


Македонската репрезентација на 7. и 10. септември ќе се соочи со Фарски Острови и Ерменија, во новата сезона во Лигата на нации.

Дебитантот во најдобрата македонска репрезентација, Кристијан Трапановски со оптимизан „гледа“ на натпреварот во Торшван.

„Задоволство ми е што сум дел од националниот тим на Македонија. Се надевам дека ќе ја искористам оваа шанса и ќе ги покажам моите квалитети. Групата ме пречека одлично, се чувствувам супер, се чувствувам како долго време да сум тука. иако ми е првпат“, вели Трапановски.

„Нашата цел е да освоиме што е можно повеќе бодови, ако е можно да ги победиме сите натпревари. Фаворити сме, но во денешно време нема лесни противници“.

„Сметам дека ние како тим сме многу поквалитетни од Фарски острови. Теренот и времето нема да прават проблеми ако ние бидеме на вистинското ниво, ќе ги освоиме трите бода“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK