Трката во Абу Даби нема да биде откажана

Трката-во-Абу-Даби-нема-да-биде-откажана.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Челниците на Формула 1 објавија дека нема можност трката во Абу Даби да биде откажана поради ситуацијата во Израел.


На одредени социјални мрежи се шпекулира дека последната трка сезонава во Абу Даби на 26. ноември нема да се одржи.

„Скај спорт“, верува дека контроверзноста настанала откако британските туристи биле предупредени да не патуваат во Обединетите Арапски Емирати поради ризик од терористички напад.

Следната трка во календарот на Формула 1 е закажана за 5. ноември во Бразил.

До крајот на сезоната во Ф1 шампионатот ќе се одржат три трки. Холандскиот возач на Ред Бул, Макс Ферстапен, уште порано обезбеди нова титула во Ф1.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK