Трка со совладување пешадиски препреки во Леуново

trka_peshadija_242332
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 Во селото Леуново, Маврово денеска по трети пат во организација на здружението за спортски игри со препреки „Отаку“ од Скопје, ќе се одржи трка со совладување пешадиски препреки.







“Obstacle Course Race” или трка по патека со пешадиски препреки, e се повеќе популарен спорт низ светот.

Трката се одвива во планински предел над селото со должина од 12 километри по која ќе бидат поставени разни препреки, како што се ѕидови кои ќе треба да се прескокнат, ползење под бодликава жица, фрлање со копје, носење тежок товар, одење по баланс-јаже, качување на јаже и уште многу други. Оние кои нема да успеат да ги совладаат препреките однапред се согласни како казна да направат 20 склекови, со што трката добива една милитантна димензија која е карактеристична за ваков тип на трки.

Трката има три конкуренции и тоа категорија мажи, жени и тимско натпреварување.

Организаторите информираат дека е исполнет максималниот број на пријавени натпреварувачи (330) што претставува исклучителна бројка на заинтересирани кои сакаат да ги покажат до максимум своите капацитети.

Повеќе информации за трката може да се најдат на Фејсбук и Инстаграм профилите @ocrmacedonia.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK